Старото име на ловиштето е Карабалија, истото се протега на површина од 8500 хектари, од тие 250 хектари се оградени. Во истата област се сместени и се одгледуваат диви свињи и елен (лопатар).
Во месноста е изградена ловна куќа со 4 простории и мал ресторан со цел нашите сегашни и идни гости, спортисти и љубители на ловот и риболовот да бидат сместени и да уживаат во рекреацијата.
Во ловиштето се среќаваат:
– дива свиња, срна, зајак, волк, лисица (диви животни) ;
– диви – пајки, шумска шљука, потполошка, грлица, полска-јаребица, еребица – каменјарка (прелетен дивеч).
Сметувачките капацитети се опремени комплетно според стандардите и барањата на нашите гости.
Исто така Хотел Истатов врши организиран превоз за своите гости од Хотелот Истатов до ловиштето.
Галеријата од ловиштетот можете да ја погледнете во делот ’ГАЛЕРИЈА’ од нашата официјална интернет страница. Доколку имате прашања или сте заинтересирани за спортски лов можете слободно да нё контактирате во делот за ’КОНТАКТ’ , каде може да ги пронајдете нашите телефони за контакт, е-пошта и сл.